Повеќе нема дилеми, Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед ќе го носи својот омилен број.
Правилото дека играчите не можат да го променат бројот на дрес во текот на сезоната во Премиер лигата повеќе не важи, сменето е поради Роналдо.
Едисон Кавани не морал да го напушти Јунајтед за Роналдо да ја добие својата популарна „седумка“.
Популарниот фудбалер се согласил на Роналдо да му го предаде својот број, а Премиер лигата првпат во историјата направи исклучок и дозволи промена.
Брендот CR7 е помоќен од сите правила. Јунајтед испратил молба до лигата и истата била усвоена, па неверојатниот Португалец и во новиот мандат во Манчестер Јунајтед ќе го носи својот специјален број.
??? it's official ?
— Manchester United (@ManUtd) September 2, 2021
7️⃣ @Cristiano#MUFC | #RonaldoReturns
„Бројот седум е специјален во историјата на Јунајтед. Го носеа легенди како Џорџ Бест, Брајан Робсон, Ерик Кантона, Дејвид Бекам, а сега се враќа во сопственост на човекот кој го наследи од Бекам - Роналдо“, се наведува во соопштението на Јунајтед.
Инаку, Роналдо му се заблагодарил на соиграчот Едисон Кавани што му го дал омилениот број, а Уругваецот во сезоната ќе носи дрес со број 21.