Видео: Се запалил автомобил во скопски Аеродром, сведоците слушнале силна експлозија

Точка

15/09/2021

19:38

3.225

Големина на фонт

а а а

Во скопски Аеродром, по 19 часот на улицата Методија Шаторов Шарло изгорел автомобил Шкода.

Пожарот настанал покрај станбена зграда во скопската населба Аеродром, а засега не се знае причината.

Жители од зградата во паника и страв ги напуштале своите домови, а командирот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, за „Нова Тв“, истакнал дека нема потреба од вознемиреност, дека возилото е изгасено и нема никаква опасност по зградата.

Соседите велат дека слушнале силен одек на експлозија и веднаш излегле надвор, а автомоблот бил во пламен.

Освен матерјалната штета, повредени нема. На лице место увид вршат полицијата и противпожарна екипа која брзо интервенирала и спречила пожарот да се прошири на околните возила.