Најскапиот SUV „Chevrolet“ во историјата: Зошто овој „Suburban“ чини 3,6 милиони долари?

Супермен

20/09/2021

14:22

8.425

Големина на фонт

а а а

Цената е огромна, дури и за американски поими.

Американската влада го обожува „Chevrolet Suburban“, а сега нарачала и 10 специјални единици кои ќе ги платат дури 36,4 милиони долари.

Овие големи SUV возила ќе бидат прилагодени на безбедносните стандарди на ДСС (Diplomatic Security Service), а „Chevrolet“ ќе ги испорача во наредните 2 години. Ако мислите дека овие автомобили се прескапи, работите донекаде ги објаснува „GM Defense“.

Имено, поради зголемената носивост и вкупната тежина која е последица на бројни модификации со цел безбедност и заштита на патниците, возилата добиваат нова, поцврста специјална шасија, исто како и вистинските теренци и работни возила.

Исто така, специјално се изработуваат и останатите компоненти, од самиот мотор и кочниците па се до елементите на ентериерот.

Овие 10 примероци се само вовед во понатамошна соработка. Имено, во текот на 9 години, почнувајќи од 2023 година, „GM Defense“ ќе ѝ испорача на американската влада дури 200 специјални „Suburban“ возила.


Најголема тајна е погонот. Бидејќи администрацијата на Бајден се залага за електрификација на државната флота, а „GM Defense“ веќе располага со соодветни електрични погони, вклучително и оние на водород, не е исклучена опцијата овие 10 возила да бидат електрифицирани.

Во спротивно, најголеми шанси да се најде под хаубата има класичниот 6.2 V8 мотор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk