Во историското соопштение, "Rolls Royce Motor Cars" денеска го најавил својот прв целосно електричен автомобил наречен "Spectre".
Извршниот директор Торстен Мулер-Отвос исто така потврдил дека готовиот производ на пазарот ќе се појави во четвртиот квартал на 2023-та година.
Најавувајќи го овој клучен момент за компанијата, Мулер-Отвос вели:
"Денеска е најзначајниот ден во историјата на "Rolls Royce" уште од 4-ти мај 1904-та година. Тој датум, нашите основачи Чарлс Ројс и Сир Хенри Ројс, прв пат се сретнале и се согласиле дека ќе го направат "најдобриот автомобил на светот"".
Интересно е што, спротивно на најавите, "Rolls Royce" не користи БМВ база, туку ќе ја користи својата алуминиумска платформа претставена во 2017-та година на "Phantom", а ја користат и "Cullinan" и "Ghost".
Големо изненадување е и што "Rolls Royce" не само што најавил нов модел, туку покажал и камуфлиран прототип.
Самиот облик и пропорциите многу потсетуваат на "Wraith" и се очекува да имаат две врати, ниска линија на кровот и долга предна хауба.