Путин и Џонсон разговарале по повеќе од една година

Точка

25/10/2021

20:00

1.932

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател и британскиот премиер решиле преку разговор да расветлат некои сериозни прашања.

Претседателот на Русија, Владимир Путин и премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, сметаат дека Москва и Лондон треба да соработуваат на повеќе полиња, соопштила прес-службата на Кремљ по телефонскиот разговор меѓу Путин и Џонсон.

"Претседателот на Русија и премиерот на Велика Британија размениле оцени за ситуацијата во билатералните односи. Изразено е заедничко мислење дека, без разлика на постоењето на извесни проблеми, треба да се воспостави соработка меѓу Москва и Лондон во повеќе области", навеле од Кремљ.


Покрај тоа, двата лидери разговарале и за климатските промени, ситуацијата во Авганистан и иранската нуклеарна програма. Двете страни изразиле намера доследно да го намалат загадувањето во своите економии.

Последниот телефонски разговор меѓу Путин и Џонсон бил одржан на 8-ми мај 2020-та година.