Италијанците се откажаа од Саудиска Арабија, Суперкупот ќе се игра во Милано

Дерби

26/10/2021

11:44

886

Големина на фонт

а а а

Италијанската фудбалска федерација се повлекла од идејата да го организира Суперкуп натпреварот во Саудиска Арабија, па Интер и Јувентус ќе се соочат за нов трофеј во Милано.

Иако засега е неофицијална информација, „Газета дело Спорт“ тврди дека натпреварот е планиран за 5. јануари 2022 година, а ќе се игра на стадионот каде настапува Интер.

Тоа ќе значи одложување на дербито меѓу Јувентус и Наполи, односно дуелот Болоња-Интер, средби кои требаше да се играат во истиот период во планираното коло во Серија А.

Информацијата предизвика многу реакции кај навивачите на Јувентус, пред се поради изборот на стадион, но и фактот што ваквото сценарио му одговара на Наполи, кој во тој период ќе биде без фудбалерите кои ќе настапуваат на Африканскиот куп на нации.

Италијанците имаат договор со Саудиска Арабија за одигрување на Суперкуп дуел во оваа азиска земја, но очигледно обврската ќе биде префрлена за некоја од следните години.