Доколку некогаш одлучите да го посетите Амстердам и да запловите по градските канали, задолжително навратете во малата пицерија „San Marco“, „спуштете го сидрото“ и опуштете се со пијалак и некое од вкусните јадења на менито.
Необичниот ресторан се наоѓа во близина на центарот, а до него може да се стигне само по воден пат. Цените се исклучително прифатливи, а во понудата има сокови, пиво, вино, како и пици, тестенини, салати и други јадења.
Судејќи по рецензиите на „Trip Advisor“, овој угостителски објект воодушевил огромен број посетители.
Освен што храната може да се консумира на чамци, достапна е и опцијата за достава во сите делови од градот.
Доколку во иднина патот ве однесе до Амстердам – задолжително изнајмете чамец, нарачајте пијалаци и храна и уживајте во атмосферата од околните улици и мостови.