Се подготвува за 10 минути: Рецепт за бисквит-торта со бело чоколадо, без печење

Точка

27/10/2021

16:00

28.036

Големина на фонт

а а а

Комбинацијата на бисквити и бело чоколадо ќе ги освои вашите сетила, а не е занемарлива ниту брзата подготовка за оваа торта.

Лесна и вкусна торта, со кремаста текстура со додаток на слатка павлака или пудинг...

За овој рецепт може да комбинирате обични бисквити, но ќе биде уште подобро доколку се чоколадни. Со арома на бело чоколадо, оваа лесна торта ќе биде полн погодок.

Состојки:

- 250 грама чоколадни бисквити;
- 270 грама бело чоколадо;
- 400 грама слатка павлака;
- 400 грама крем-сирење;
- 50 грама шеќер во прав;
- 120 грама путер.


Подготовката не може да биде поедноставна:

Прво, сомелете ги бисквитите, па додадете го претходно стопениот путер.

Ставете ја смесата во калап за торта.

Крем-сирењето и шеќерот во прав изматете ги, па додадете го белото чоколадо (претходно стопено), а потоа матете со миксер. Изматете ја и слатката павлака, па додадете ја во смесата.

Прелијте го филот над бисквитите, изрендајте бело чоколадо на врвот од тортата и оставете ја во фрижидер да отстои.


Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг