(Видео) Еве како изгледа возењето на „Porsche 911 Targa GTS“

Точка

10/11/2021

11:25

37.290

Големина на фонт

а а а

„Porsche 911 Targa“, автомобилот кој беше претставен минатата година, веќе го доби и првото специјално издание.

Верзијата наречена „Targa“ на „Porsche Carrera“ се појави уште кон крајот на 60-те, кога на купувачите за првпат им беше понудена специфична верзија на каросерија со цврст склоплив кров.


Како и претходната генерација, и најновата има автоматски систем за подигнување/спуштање на централниот кровен панел, а од „Porsche“ велат дека оваа операција трае само 19 секунди.

Во верзијата „Targa 4“, моторот испорачува 385 коњски сили при 6.500 вртежи во минута, а развива максимален вртежен момент од 450 Nm во распон од 1.950-5.000 вртежи во минута.


Помоќниот, „911 Targa 4S“ испорачува 450 коњски сили додека максималниот вртежен момент од 530 Nm е достапен од 2.300 до 5.000 вртежи во минута.

Основната варијанта забрзува од 0 до 100 км/ч. за 4,2 секунди, а „Targa 4S“ за само 3,6 секунди. Кога станува збор за максималната брзина, „Targa 4“ е во состојба да достигне 289 км/ч., а „Targa 4S“ може да развие и до 304 км/ч.


Силата кај двата модели стандардно се пренесува на сите 4 тркала со 8-брзински автоматизиран „PDK“ менувач со двојно квачило, додека на купувачите на „Targa 4S“ им е достапен и 7-брзински мануелен менувач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг