Од авион направил "кампер" од соништата: Долг е речиси 12 метри и не е едноставен за користење

Точка

23/11/2021

19:51

41.125

Големина на фонт

а а а

Возилото е долго 11,6 метри и воопшто не е едноставно за управување.

Воениот пензионер од Нешвил и неговото семејство ги исполниле своите сништа со изработката на единствениот кампер "Fabulous Flamingo", чија основа е стар "Douglas R4D" транспортер.

Леталото завршило на отпад по 30 години служба, и започнало нов живот благодарение на трудот и визијата на Џино Лучи, кој целиот живот мечтаел за простран кампер.

Необичното возило е долго 11,6 метри и не е едноставно за возење. Трупот на авионот е поставен на шасија на камион "International DuraStar 4400", а целата конструкција е тешка 7.800 килограми.

Моќен агрегат

Куќата на тркала ја придвижува 7.6-литарски "Navistar DT466" кој произведува меѓу 210 и 300 коњски сили. Максималната брзина е 137 Км/ч.

Внатрешноста е организирана како и секој кампер - дел за спиење, трпезарија, кујна, се што му е потребно на едно семејство за време на патување.

Куриозитет претставува возачката кабина, преполна со оригинални авио-уреди и со оперативен радио-систем. Во приложеното видео, запознајте го "Fabulous Flamingo" од сите агли.




Спонзорирани линкови

Маркетинг