Подвиг за паметење: Го жртвувал својот автомобил за да ѝ помогне на жена која се онесвестила зад воланот

Супермен

25/11/2021

21:39

14.129

Големина на фонт

а а а

Маж во Холандија го жртвувал својот автомобил за да го спаси животот на онесвестена жена која изгубила контрола над својот автомобил.

На снимката се гледа автомобилот кој изгледа како да е надвор од контрола, како се движи со постојана брзина на тревната површина покрај автопатот.

Иако автомобилот наишол на заштитна ограда, тој продолжил да се движи, а набрзо на видеото се гледа уште еден автомобил како вози пред него и го запира така што го остава да удри во неговиот заден дел. Инцидентот бил снимен на контролна камера од возило кое се движело зад двата автомобили.

Инцидентот се случил во Нунспет во петокот попладне кога еден возач забележал автомобил кој несвојствено се движи по автопатот во текот на неговото возење накај дома.

„Тоа што го видов не беше добро. Беше јасно дека дамата не беше при свест“, изјавил возачот херој кој дозволил жената да удри во задниот дел од неговиот автомобил за да го запре нејзиното возило.

„Жената има 5 скршени ребра од инцидентот“, стои во еден од твитовите, но сè уште не е јасно како ѝ се слошило до таа мера за да се онесвести.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk