Алармантен број на новороденчиња имаат ХИВ кој е отпорен на лекови

Точка

26/11/2021

18:40

14.847

Големина на фонт

а а а

Нивото на отпорноста на ХИВ на лековите е во пораст и итно е потребен нов пристап. Речиси половина од сите новороденчиња кај кои е дијагностициран ХИВ отпорни се на интервенција, тврди Светската здравствена организација.

"На основа од најновите истражувања спроведени во десет земји од Субсахарска Африка, речиси половина новороденчиња кај кои е дијагностициран ХИВ всушност го имаат оној кој е отпорен на лекови", се наведува во соопштението.

СЗО предупреди дека иако антиретровирусната терапија се покажала како успешен супресив кој се применува на 27,5 милиони луѓе моментално во светот, отпорноста на лековите расте, а се зголемува и бројот на земји кои достигнуваат многу важен праг на отпорност од 10 отсто.


Рутинското прегледување на отпорност, покрај истражувањето на алтернатива, ќе виде главен начин за минимизирање на преносувањето на формата на ХИВ отпорна на лекови. Минатата година само 64% од земјите со високо ниво на инфекција имале национални акциони планови за превенција, следење и одговор на ХИВ отпорен на лекови.

Генералниот директпр на СЗО, д-р Тедрос Адан Гебрејесус истакнал дека злоупотребата на антимикробни средства може да биде една од причините за отпорноста на лековите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг