Несекојдневен мост во Холандија кој ги сврте работите наопаку

Точка

29/11/2021

21:33

39.465

Големина на фонт

а а а

Кога се градат мостови, најчесто се работи за потреба да се надминат пречки во вид на поголема водна површина за да може непречено да функционира патниот или железничкиот сообраќај. Но, овој мост во Холандија сепак ги сврте работите наопаку.

Аквадуктот Велувемер е несекојдневен воден мост кој е отворен пред речиси 2 децении. Со должина од 25 метри и широчина од 19 метри, мостот е дизајниран така што бродовите можат да пловат по него. Аквадуктот е длабок 3 метри, што им овозможува на помалите пловила да преминат од еден до друг дел на езерото.


Овој необичен мост е изграден преку сообраќајницата N302 која поврзува два окрузи, Флеволанд и Гердерланд. Патот го сече езерото Велувемер по кое пловат бројни бродови и јахти.

По езерото пловат голем број бродови чија висина варира, што претставувало најголемата пречка за изградба на стандарден мост по кој би се движеле возилата. Било неопходно да се пронајде алтернатива, а решението до кое дошле било поевтино и навистина изгледа фасцинантно.


Изграден е пат кој им овозможува на автомобилите да се движат под нивото на водата, но не и во тунелот. Како резултат на тоа, повеќе од 30.000 возила – и автомобили и бродови – секојдневно се движат по водниот мост и патот, без да си сметаат едни на други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг