Го подобруваат варењето и помагаат за добро расположение: Еве што се случува во вашето тело доколку редовно консумирате пуканки

Точка

03/12/2021

20:52

14.547

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате да грицкате нешто здраво, тогаш пуканките се вистинскиот избор за вас.

Иако сите ги поврзуваат пуканките со грицки кои ги консумираме додека гледаме филмови, вистината е дека тие кријат во себе многу корисни својства, a еве дел од нив:

Го подобруваат варењето

Пукаите се полни со влакна кои се клучни за добро варење. Можете да изедете порција од 3 шолји пуканки и да добиете 3,5 гр. влакна, а тоа е доволно за да го решите проблемот со констипација и надуеност.


Освен тоа, пуканките подготвени на топол воздух содржат 100 калории во една порција, за разлика од пуканките што се продаваат во киоск или оние од микробранова кои содржат голема количина маснотии.

Помагаат во намалување на стресот

Пуканките не само што влијаат врз нас физички, туку можат да придонесат и за подобра ментална состојба. Пуканките се храна која е богата со јаглехидрати и имаат низок гликемиски индекс, што доведува до задржување на нивото на серотонин, а со тоа и подобро расположение. Пуканките можат да се сметаат за сложени јаглехидрати.

Ја зголемуваат плодноста

Пканките ги зголемуваат вашите шанси за зачнување. Имено, научниците сугерираат дека консумирањето на овие вкусни грицки може да ја подобри плодноста дури и кај мажите.


Ги ублажува симптомите на ПМС

Добра вест е дека пуканките всушност ги намалуваат симптомите на ПМС. Оваа ужина го зголемува серотонинот, хормонот на доброто расположение, а освен тоа ќе ви дадат стабилен наплив на енергија така што долго време ќе се чувствувате сити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг