(Точка ТВ) Предновогодишен разговор со Сара Мејс: „Вечер пееме концерт со The Christmas Girls - еуфорија и тоа како има“

Точка

29/12/2021

23:24

20.946

Големина на фонт

а а а

Само два дена пред дочекот на Новата година, 'Sarah Mace and The Christmas Girls' вечерва ќе одржат новогодишен концерт во Филхармонија.

Токму тоа е и главниот повод за да си поразговараме со Сара Мејс во нашето последно видео интервју за оваа година.

„Најубавото нешто што ми се случи годинава е овој свеж проект 'Sarah Mace And The Christmas Girls', односно акапела формацијата што ја направивме за да ги снимиме најубавите christmas carols“, нѝ вели Сара.

Додека сме кај новогодишните празници и еуфорија, Сара нѝ ја открива и домашната атмосфера, вели дека украсувањето сега е уште поубаво, бидејќи нејзината ќерка Илина ужива во новогодишни детали, а сподели и како нивните домашни миленици се 'прилагодуваат' на новите украси.

Кога ја навративме ретроспективно на годинава што изминува, Сара се присети на прекрасни семејни доживувања, најубавиот летен одмор во Египет, претходно, нејзиното појавување во Преспав, Охридско лето, а по убаво ќе го памети и овогодишниот Макфест, по нејзината автоска песна „4“, со која се претстави Калина Велковска.

Зборувавме и за кризата во бракот која годинава јавно сподели дека постоела, но, за среќа, оваа приказна има среќен крај. Сара ја открива тајната за среќен и успешен брак.

Во новата година си посакува да остане здрава, среќна и заљубена, со сите сакани на број. А, пред самиот крај на разговорот, ја испративме распеана, откако само за вас испеа еден од најпознатите новогодишни рефрени.

Па, драга публико на Точка, доколку сè уште не сте го испланирале вашето вечерно излегување, а сте понесени од новогодишната магија, „Sarah Mace And The Christmas Girls“ ве очекуваат во Филхармонија, од 20 часот.

Новинар: Цеце Николова      Камера и монтажа: Ненад Смиљковќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk