(Фото/Видео) Ова е новиот Бетмобил: Луда акција на спортскиот автомобил полн со мистерии

Точка

29/12/2021

12:30

51.726

Големина на фонт

а а а

Во далечните 60-ти години, нашиот јунак возеше модифициран „Lincoln Futura“.

Светот со нетрпение го чека новиот филм за „маскираниот одмаздник“ чија премиера е закажана за март наредната година.

Бетмен отсекогаш ги имал најлудите гаџети, а во неговиот арсенал особено место зазема Бетмобилот.

Во далечните 60-ти години нашиот јунак возеше модифициран „Lincoln Fatura“, додека пак автомобилот подоцна доби робустен изглед. На крајот изгледаше како тенк, кога зад неговиот управувач седеше актерот Кристијан Бејл.

Враќање во минатото

Најновата верзија на Бетмобилот кој во лудата акција ќе го вози Роберт Патинсон, инспириран е од популарниот американски спортски автомобил од 70-те години „Muscle car“.

Во последниот трејлер го гледаме во потера за озлогласениот Пингвин (Колин Фарел), а во кадрите доминираат црвената светлосна група, откриен „V“ агрегат и моќен систем за издувни гасови.

За разлика од претходната верзија, делува дека нема џет-турбини, ракети и митралези, но да ја почекаме премиерата. Дотогаш уживајте во акциските секвенци кои ги режираше Мет Ривс. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг