По пајакот, уште едно новооткриено животно го доби името по Грета Тунберг

Точка

20/01/2022

21:47

40.515

Големина на фонт

а а а

Уште еден животински вид го доби своето име по познатата светска климатска активистка Грета Тунберг.

Откако нов вид на пајак бил наречен по шведската климатска активистка Грета Тунберг, сега и нов вид на жаба е наречен по младата Швеѓанка и официјално сега се нарекува "pristimantis gretathunbergae".

Споменатата жаба била откриена во изолиран планински ланец во дождливите шуми на Панама уште пред десетина години, но дури сега официјално го добила името.

Најавата дошла од организацијата "Rainforest Trust", која во 2018-та година ја прославила својата 30-годишнина со лицитација на која се даваат права за именување на некои новооткриени видови, вклучувајќи ја и веќе споменатата дождовна жаба, која така била наречена по Грета Тунберг. Организацијата, меѓутоа, не го именувала победникот на аукцијата кој го одбрал името.

Ја пронајдовме жабата на Церо Чуцанти, остров окружен со низинска тропска прашума во источна Панама, пишува во соопштението за јавност на "Rainforest Trust".

Жабата изворно ја откриле двајца истражувачи, Абел Батиста од Панама и Конрад Моберт од Швајцарија. Именувањето на жабата уследило со објавување на статија која го опишува новиот вид во научното списание "ZooKeys".

Новооткриената жаба припаѓа на семејството "пристимантис", една од најчестите видови на жаби кои се наоѓаат во Средна и Јужна Америка. Научниците во статијата објасниле дека дождовната жаба Грета Тунберг се разликува од другите слични подвидови поради своите необично истакнати црни очи, контрастно светол горен дел на усните и поголемата глава.


Истражувачите објасниле зошто поврзувањето на жабата со Грета Тунберг било важно.

Грета Тунберг претставува автентичен глас кој ги разоткрива мотивите зад дипломатските завеси на политичарите и деловните учесници. Нејзиниот глас е неопходен доколку сакаме да го вратиме и да го одржиме здраво окружението на планетата која сите ја делиме, напишале тие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг