Овој месец е резервиран за баражите за пласман на Светското првенство во Катар, битки од кои дел ќе биде нашата сениорска фудбалска репрезентација.
Избраниците на Благоја Милевски ќе се соочат со Италија на 24 март во Палермо, дуел на кој домаќините ќе го имаат статусот на фаворити.
Меѓутоа тоа ќе треба да го потврдат на теренот, притисокот е кај нив и тоа многу добро го знае првиот човек на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина кој призна дека се плаши од Македонија.
- Од што се плашам во баражот за СП? Првиот меч, тој секогаш е најтежок. Да размислуваме за Македонија, потребна ни е максимална концентрација, тој е добар тим кој има постигнато добри резултати, - порача Гравина.
Средбата на „Ренцо Барбера“ се игра во вечерниот термин од 20:45 часот.