(Фото/Видео) Кисела Вода мириса на чад, гори во Пржино - ова се деталите

Точка

01/04/2022

17:39

3.941

Големина на фонт

а а а

Кисела Вода мириса на чад, на запалено. Густи облаци чад се шират и се гледаат и од центарот на Скопје, но и од другите населби.

Се претпоставува дека пожарот настанал од запалено ѓубре кое се наоѓа во објектот.

На терен освен противпожарни возила може да се забележат и возила на итната медицинска помош и полиција.

„Интервениравме со три возила и 10 пожарникари. Засега нема информација за причината за настанатиот пожар“, открива Ѕвонко Томевски, командирот на Пожарна.

Фото: 24инфо