Состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан на 23-ти јуни во Брисел

Точка

18/05/2022

21:01

6.518

Големина на фонт

а а а

Мишел на својот сајт навел дека шесте лидери од Западен Балкан ќе бидат повикани во Брисел на 23-ти јуни, каде ќе биде одржан и состанок на Европскиот совет.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, објавил дека во Јуни ќе организира состанок со лидерите на западнобалканската шесторка со шефовите на владите или државите на членките на ЕУ.

Мишел на својот сајт навел дека шест лидери од Западен Балкан ќе бидат повикани во Брисел на 23-ти јуни, каде ќе биде одржан и состанок на Европскиот совет.


Состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан ќе биде одржан на 23-ти јуни наутро, пред состанокот на Европскиот совет.

Мишел додал дека собирот ќе го организира во блиска соработка со Франција, која претседава со Европската унија.

Тој денеска повикал и на создавање на Европска геополитичка заедница и најавил организирање на конференција која ќе ги собере лидерите на ЕУ и заинтересираните партнерски земји за да се разговара за конкретни опции за тој нов заеднички проект.




Спонзорирани линкови

Маркетинг