(Фото) Скопјани се разбудија со црн чад - пожар кај старата фабрика „Комуна“

Точка

21/05/2022

10:49

4.071

Големина на фонт

а а а

Утрово околу 4:55 часот избувнал пожар во магацински простор кај старата фабрика „Комуна“.

Се запалил пластичен материјал, но со интервенција на 9 противпожарни возила и 20 пожарникари, пожарот брзо бил ставен под контрола, вели командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.


Во моментов на терен има дежурна пожарникарска екипа која го надгледува теренот.