(Видео) Сакал да испадне фраер, а потоа направил потег поради кој веднаш зажалил

Супермен

28/06/2022

10:52

12.746

Големина на фонт

а а а

Наместо да се фотографира без никакви обиди за атракција, понесен од атмосферата одлучил да скокне на предното стакло на својата италијанска машина.

Еден горд сопственик на „Lamborghini Huracan“ не останал имун на восхитот на луѓето на неговиот „миленик“ на 4 тркала.

Возејќи се по улиците на Флорида, возачот на „Lamborghini“ излегол од автомобилот во кој друштво му правела убава девојка и одлучил да ја поздрави „публиката“ и да ѝ понуди можност да го фотографираат.

Но, наместо да се фотографира без никакви обиди за атракција, понесен од атмосферата одлучил да скокне на предното стакло на својата италијанска машина.

Иако се чинело како добра идеја, сепак не била...

Истата секунда кога скокнал, ветробранското стакло пукнало, но младиот возач не делувал потресен за тоа што се случило и продолжил да се фотографира.

Дали до пукањето на стаклото дошло поради неговата тежина или неквалитет на производот е тешко да се каже, иако возачот не изгледа како да има проблеми со вишокот килограми...


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk