Англиски ресторан им порача на веганите: „Доста нѝ е од вашиот став дека сте подобри од останатите“

Точка

13/08/2022

15:14

20.446

Големина на фонт

а а а

Познатиот ресторан „The Kitchen at London House“ во Англија се соочил со бран критики и негативни коментари кога на почетокот на неделата објавил мени за новиот ресторан, „The London House Bistro“.

Имено, критиките ги предизвикал фактот дека на менито немало вегански оброци.

По повод целата ситуација, ресторанот се огласил на својот Фејсбук профил, упатувајќи извинување.

Never thought we would have to post on our business page about social media bullying!


On Monday we posted our evening...

Posted by The Kitchen at London House on Wednesday, August 10, 2022

„Им се извинивме пристојно и професионално на луѓето кои беа разочарани од тоа што не послужуваме вегански јадења. Меѓутоа, поединечни злобници сметаат дека нивно право е да го критизираат тој факт“, наведуваат од ресторанот.

Потоа ги прашале веганите: „Дали мислите дека ако малтретирате некого, дека тој ќе се преиспита и ќе ја промени својата одлука?“.

„Не, нема. Заситени сме од ставот ‘подобри сме од останатите’“, наведуваат од „The Kitchen at London House“.

Во објавата наведуваат дека во минатото имале вегански јадења и разни опции, но дека веганите им замерувале.


„Престанавме со послужување вегански јадења бидејќи се заситивме од арогантниот став ‘подобри сме од останатите’“.

Исто така, ресторанот им порачал на веганите дека постојат други ресторани кои послужуваат јадења за нив и ги посоветувале да одат таму:

„Ако сакате веганска храна, одете во вегански ресторан“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг