Сопствениците на "Tesla" автомобили во Норвешка започнале штрајк со глад

Точка

30/08/2022

19:33

27.193

Големина на фонт

а а а

Норвешка е светски рекордер по прашањето за електрификација на возниот парк, но и таму има проблеми.

За најновите проблеми наводно се виновни автомобилите на "Tesla" за кои група сопственици на автомобили од Норвешка тврдат дека се дефектни и имаат бројни проблеми. А за нивниот глас да се слушне, се одлучиле на радикален потег и започнале штрајк со глад.

Со ваквата ригорозна метода сакаат да го привлечат вниманието на проблемите кои секојдневно го доживуваат со своите автомобили. Според нивните тврдења, автомобилите на "Tesla" имаат бројни проблеми, кои одат од лош квалитет на изработка, како лизгави седишта, па се до случаи кога автомобилот не може ни да се вклучи.

Нивната крајна цел е Елон Маск да слушне за нив. Сигурни се дека ќе реагира на нивните молби и ќе им помогне. Досегашното искуство вели дека целиот процес на сервис трае предолго, а често дефектите не се отстрануваат во целост.

А сето тоа е важно бидејќи станува збор за голем пазар во земјата со најголем број на автомобили на Тесла по жител на светот. Во секој случај, станува збор за негативна реклама, не само на норвешкиот, туку и на европскиот пазар, каде токму моделите на "Tesla" се најпродавани во конкуренцијата на електрични автомобили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг