(Видео) Никогаш не е доцна за исполнување на сништата: На 75 години прв пат возел повеќе од 320 км/ч

Точка

09/09/2022

19:30

21.479

Големина на фонт

а а а

Максималната дозволена брзина на јавните патишта во повеќето земји е 130 км/ч, но сепак, многу луѓе во сопственост имаат тунирани суперспортски автомобили.

Еден од нив е Бери Бигвуд од Јужна Африка. Гордиот сопственик на "Nissan GT-P" од 2012-та година, еден од најдобрите суперспортски автомобили воопшто. Сепак, тој одлучил да го тунира, па автомобилот во 2015-та година го пратил во Велика Британија.

"V6" сега има 4,1 литар волумен, а по модификацијата врти до 8.000 о/мин. Нови се и турбините, а автомобилот може да вози на етанол. Поради огромната сила се работела на менувачот. Се проценува дека на крајот моторот има околу 1.200 коњски сили.

Автомобилот во меѓувреме е доработуван, па "Nissan" на трката за забрзување победил и "Bugatti". Сепак, Бигвуд никогаш немал можност да тестира колку неговото возило е навистина брзо. „Не се тркам, но од време на време правам безобразни работи“, признал тој.

Поради тоа сега одлучил да вози 800 километри до аеродромот во Апингтон каде на пет километри долгата писта може да го вози автомобилот со повеќе од 320 км/ч. Насмевката на неговото лице кажува се.



Спонзорирани линкови

Маркетинг