Едноставна, сензуална, истовремено сексапилна без грам вулгарност: Моника Белучи во фустан кој го забрзува пулсот

Точка

26/09/2022

09:55

10.083

Големина на фонт

а а а

Доколку постои жена која може да зрачи со сексапил без грам вулгарност и истовремено да остава впечаток на госпоѓа пред која се чувствува стравопочит, тоа без сомнеж е италијанската дива Моника Белучи.

Пред крајот на модната недела во Милано, реалити ѕвездата Ким Кардашијан одлучила во соработка со модната куќа „Dolce & Gabbana“ да организира приватна вечера на која се појавиле познатите и влијателни лица од светот на модата.


Меѓу нив се нашла и италијанската актерка Моника Белучи (57), долгогодишна пријателка на Доменик Долче и Стефан Габана, инаку и заштитно лице на брендот.

Филмската дива за оваа прилика избрала да ја носи својата омилена – црна боја, а носела фустан којшто е совршен пример за нејзиниот автентичен стил и одличен спој на сексапил, отменост и едноставност.

Моника се појавила во креација со миди должина, фустан кој е припиен до нејзиното тело, а благодарение на кој ја истакнува нејзината беспрекорна фигура на тело и облини по кои е позната.


Станува збор за фустан со квадратен изрез, којшто го нагласува нејзиното деколте, а фустанот има и долги, проѕирни ракави, додека пак истиот Белучи го комбинирала со високи чизми од превртена кожа.

Покрај тоа таа носела и минијатурна, црна плико-чанта, додека пак косата ѝ била пуштена природно да паѓа. Во склад со нејзиниот вкус, оваа модна комбинација е едноставна и ненадминлива.


Се согласувате ли?




Спонзорирани линкови

Маркетинг