(Фото) Инцидент кај ТЦ Бисер – се собрале 300 тинејџери физички да се пресметаат на „договорена тепачка“, се огласи и МВР

Точка

15/10/2022

13:50

5.043

Големина на фонт

а а а

Синоќа огромен број на средношколци се собрале кај ТЦ Бисер во скопската населба Аеродром, на „договорена тепачка“.

Според очевидци кои ги контактирале „а1он“, над 300 деца се појавиле, а за среќа полицијата брзо реагирала и ги растерала групите со што спречила да дојде до поголем инцидент.

По вчерашниот инцидент се огласи и МВР:

„По добиени оперативни информации дека на 14.10.2022 околу 21 часот во трговски центар на бул.„Јане Сандански” има поголема група на малолетници со намера физички да се пресметаат, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром преземени се соодветни мерки и активности, но не дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Во врска со настанот, со присуство на родители, во Полициската станица Аеродром бил извршен разговор со тројца малолетници, кои појасниле дека во трговскиот центар требало да има физичка пресметка помеѓу две групи“, велат од полицијата“.

Фото: „а1он“