Човек осуден на доживотен затвор за нелегално поседување слонова коска во Уганда

Макфакс

21/10/2022

15:55

1.638

Големина на фонт

а а а

Судот во Уганда осуди на доживотен затвор маж фатен со речиси 10 килограми слонова коска.

Тоа е најголемата казна за „незаконска сопственост на заштитени видови“ во историјата на земјата, пишува „Ројтерс“.

Трговијата со заштитени видови е итен проблем во Уганда, а полицијата во земјата редовно запленува слонова коска, рогови од носорог, лушпи од панголин и други производи од дивиот свет, пренесе „Танјуг“.