Португалија бараат голот да му биде запишан на Роналдо, технологијата има одговор за дилемата

Дерби

29/11/2022

14:29

2.675

Големина на фонт

а а а

Португалија го совлада Уругвај со 2-0 и обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, но овој резултат падна во втор план и тоа поради дилемата, прашањето кој е автор на првиот погодок за поранешниот европски шампион.

Првично голот му беше препишан на Кристијано Роналдо за да потоа тоа биде поништено и запишано дека Бруно Фернандеш е автор на погодокот. По крајот на мечот Роналдо објаснуваше дека ја чепнал топката и дека голот е него, па според последните информации фудбалската федерација на Португалија испратила барање до ФИФА голот да му биде запишан на ветеранот.

Наводно тие имаат некакви докази дека се во право, ама колку е тоа точно најдобро говори модерната технологија. Имено сензорите во истата потврдиле дека Роналдо не ја допрел истата што значи залудни е бидат сите обиди на федерацијата да се промени името на стрелецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг