Славната милионерка цел живот мислела дека е асексуална: „Сè повеќе од бакнеж ме ужаснуваше“

Точка

18/02/2023

17:43

28.493

Големина на фонт

а а а

Парис Хилтон открила дека била убедена дека е асексуална во своите 20-ти години и дека ја преиспитувала својата сексуалност сè додека не го запознала својот сопруг Картнер Ројм.

„Бев позната како секс-симбол, но сексуалните работи ме ужаснуваа. Сакав само да се бакнувам, многу мои врски не успеаја поради тоа“, објаснила 42-годишната наследничка на хотелското царство „Хилтон“ во разговор за „Haarper’s Bazzar“.

Меѓутоа, сè се сменило кога Парис во 2019 година го запознала Картнер на собирањето на семејните пријатели на Денот на благодарноста.


„Не е славен, паметен е, доаѓа од убаво семејство, добра личност е. Беше спротивно од она на што навикнав додека барав партнери“, признала Парис.

„Се чувствувам како конечно да го добивам она што го заслужувам по пеколот низ којшто поминав, а тоа е некој кому можам да му верувам и некој со кој ќе градам вистински живот“, додала наследничката и претприемачка.

Парот се венчаше во 2021 година, а минатиот месец го добија своето прво заедничко дете, синот којшто целосно ја сменил нејзината перспектива.

„Повеќе ме интересира бебето отколку милијардите“, се пошегувала таа додека истакнала колку љубов чувствува кон него.


„Сакам да го заштитам и да бидам со него секоја секунда. Сега се чувствувам целосно“, додала Парис која има нова желба – да има девојче.

Во минатото неа ја поврзуваа со Леонардо ди Каприо, Бенџамин Маден и Рик Соломон со кој го снимила домашното секс-видео, а таа била верена дури четири пати.