Одржан разговор меѓу Зеленски и Ши, Украинците очекуваат многу од Кина

Точка

26/04/2023

19:43

2.922

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави дека телефонски разговарал со кинескиот претседател Ши Џинпинг, прв пат од почетокот на руската инвазија. Станува збор за разговор кој Украина долго го барала, а за него се претпоставувало уште од посетата на кинескиот претседател на Москва минатиот месец.

Кинезите нагласиле дека разговорот го иницирала украинската страна, пренесува „Index“.

„Имав долг и значаен телефонски разговор со претседателот Ши Џинпинг. Верувам дека овој повик, како и именувањето на украински амбасадор во Кина, ќе дадат силен поттик во развојот на нашите билатерални односи“, објавил Зеленски.


Кинеската државна телевизија потврди дека двајцата лидери имале телефонски разговор.


Во текот на разговорот Ши му рекол на Зеленски дека разговори и преговори се единствен излез од војната, пренесува „CCTV“. Иако Пекинг официјално е неутрална страна во судирот, Ши ниеднаш не ја осуди руската инвазија.