Федерацијата ќе испорача нова казна, Јувентус ќе остане без Топ 4 пласман

Дерби

09/05/2023

13:22

1.550

Големина на фонт

а а а

Италијанската фудбалска федерација ќе промени дел од содржината на обвинението против Јувентус и „бјанконерите“ речиси сигурно ќе добијат казна со одземање бодови, што веројатно ќе ги остави без настап во Лигата на шампионите.

Ова е најавениот епилог на судскиот процес во кој Јувентус е обвинет дека вештачки ги зголемувал трансфер сумите на своите фудбалери, а во кој Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ) му ја прифати жалбата со која беше казнет со одземање 15 бодови.

Вчера, КОНИ ги објави деталите за својата одлука, а од нив се добива впечаток дека новата казна на федерацијата ќе биде прифатена, односно Јувентус веројатно ќе добие казна со одземање девет бодови, што ќе биде доволно да го остави клубот без пласман во Европа.

Федерацијата инсистира дека нереалните цени на трансферите овозможуваат предност во однос на финансиските резултати, па и составувањето на тимот, иако од друга страна клубот инсистира на тоа дека нема начин да се пресмета вистинската цена на еден фудбалер, посебно кога два клуба ќе се согласат дека е реална.

Фановите негодуваат бидејќи федерацијата како доказ ги користи сумите пресметани од порталот „Трансфермаркт“, но од друга страна очигледно за КОНИ и тоа ќе биде доволно да не ја прифати следната жалба на Јувентус.

Федерацијата ќе ја соопшти новата казна во рок од најмногу 30 дена, што значи истата ќе биде позната пред крајот на првенството, а потоа следува периодот за жалба.