Вреди да се погледне: Филм за апокалипсата направен со помош на вештачка интелигенција ја предвидува иднината!

Точка

23/05/2023

21:13

23.797

Големина на фонт

а а а

Кога ќе го погледнете овој краток филм за апокалипсата, кој е направен со помош на вештачката интелигенција, веруваме дека нема да можете да побегнете од замислата дека барем дел од тоа сценарио и те како е остварливо.

Сите знаеме како изгледаат холивудските блокбастери за апокалипсата, но сега имаме и еден краток увид на тоа како вештачката интелигенција под режисерската палка на човекот, ја создава апокалипсата на човештвото. Станува збор за 10 минутен краток филм наречен „Последен став“ (Last stand).

Приказната започнува познато, како холивудските филмови за апокалипса. Вонземни бродови пристигнуваат на Земјата. Во светот владее страв и неизвесност, а светските политичари на почеток се обидуваат да го смират човештвото. Меѓутоа, потоа на сцена настапува Владимир Путин, кој ги обвинува САД дека со своите напади на неидентификуваните летечки објекти ја повикале напредната вонземна цивилизација и така ја ставиле планетата во опасност.


Русија, заедно со Кина и Индија, тргнува во трка со САД и НАТО да направи прв контакт со вонземјаните. Путин тврди дека сè што ќе дознаат, транспарентно ќе биде споделено со остатокот од светот, но американскиот претседател Бајден го зголемува влогот и го собира НАТО, повикувајќи се на американската и светската сигурност.


Во тајност, САД и сојузниците лансираат ракети кон вселенскиот брод со вонземјаните, а напад врши и Русија со сојузниците. Ова доведува до нуклеарна апокалипса на Земјата. Но, потоа следува епилог, кој нема да го откриеме тука, туку ќе оставиме самите да се уверите. Важно е да се напомене дека сè што може да се види во краткиот филм нема никаква врска со реалноста и сето тоа е креација на вештачката интелигенција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг