Поранешниот извршен директор на „Google“ предупредува: Вештачката интелигенција претставува егзистенцијална закана

Точка

25/05/2023

13:40

12.365

Големина на фонт

а а а

Уште едно познато име во технолошката индустрија предупредува на потенцијалните негативни последици од користење на „AI“, посебно ако падне во погрешни раце.

Речиси и да не минува ден, а да не прочитаме некое ново предупредување за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција и повик за регулација на оваа технологија. А тие предупредувања се различни – од оние дека нам алатите за вештачка интелигенција би можеле да ни го одземат работните места, преку искористување на „AI“ за ширење на дезинформации и лажни вести па се до – егзистенцијални закани.

Таква можност на блогот на „OpenAI“ спомнале Сем Алтман и водечките луѓе на таа компанија, предупредил и Стив Вознијак велејќи дека може да се случи софтверот да убие човек, Маск одамна имаше слични коментари, а сега на истото предупреди и Ерик Шмидт.


Тој е добро познато и влијателно име во технолошката индустрија, човек кој долги години беше извршен директор на „Google“ за време на најголемиот подем на таа компанија.

Тој оваа недела гостувал на една конференција која во Лондон ја организирал „The Wall Street Journal“, а меѓу другото, нагласил дека вештачката интелигенција претставува егзистенцијален ризик. Егзистенцијалниот ризик е дефиниран така што многу луѓе се повредени или убиени, рекол Шмидт.

Таквите сценарија не треба да се очекуваат денес, но тие се можни релативно наскоро и таквите состави за вештачка интелигенција ќе можат да пронаоѓаат „zero-day“ пропусти во кибернетскиот простор или да откриваат нови облици на биологија, коментирал Шмидт и додал: „Денес тоа е само фикција, но логиката зад тоа е веројатно вистинита. А кога ќе дојде до тоа, сакаме да бидеме подготвени и да знаеме како да спречиме тие работи да не ги искористат лоши луѓе“.


На прашањето како да се регулира вештачката интелигенција, Шмидт нема конкретен одговор и смета дека тоа е едно широко прашање за целото општество. Додал и дека не треба да се очекува некоја нова регулаторна агенција во САД која ќе биде одговорна за регулативите, за што претходно зборувал и Сем Алтман.

За влијанието на вештачката интелигенција неодамна зборуваше и актуелниот извршен директор на „Google“ Сундар Пичаи кој кажа дека „AI“ ќе влијае на сите производи на сите компании, и нагласил дека општеството треба да се подготви за промени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг