Шефот на „OpenAI“: Ако правилата за вештачката интелигенција во Европа се престроги – ќе си заминеме

Точка

26/05/2023

16:31

13.165

Големина на фонт

а а а

Компанијата „OpenAI“, која го произведе системот на генеративна вештачка интелигенција „ChatGPT“, ќе ја напушти Европа ако не може да се усогласи со најавената регулатива на ЕУ.

Шефот на „OpenAI“ Сем Алтман на еден настан во Лондон изјавил дека неговата компанија прво ќе се обиде да се усогласи со идниот закон на ЕУ за вештачка интелигенција (AI), пренесува „Reuters“.


„Актуелниот нацрт закон на ЕУ за вештачката интелигенција премногу ја регулира оваа сфера, но слушнавме дека ќе биде повлечен“, рекол тој.


Алтман смета дека на овој закон треба многу да се работи, а не ја исклучил ни можноста за заминување на „OpenAI“ од Европа.


Европските парламентарци овој месец се усогласиле за нацрт законот за „AI“, но за деталите сè уште ќе се разговара на различни нивоа, потсетува британската агенција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг