Бијонсе мета на критики бидејќи е хипокрит: Оддаде почит на Тина Тарнер, но во нејзината хит песна е исмеано насилството врз легендарната пејачка!

Точка

27/05/2023

16:47

5.183

Големина на фонт

а а а

По смртта на Тина Тарнер, поп дивата Бијонсе одучила да ѝ оддаде почит на покојната пејачка на еден од нејзините настапи.

Бијонсе во петокот настапила во Париз во рамките на нејзината турнеја „Ренесанса“, каде побарала публиката громогласно да го извикаат името на Тина Тарнер, како би таа од „горе“ би ја почувствувала нивната љубов. „Ако сте мои фанови, тогаш сте фанови и на Тина Тарнер. Не би била на оваа сцена без Тина Тарнер. Се чувствувам многу благословена што бев сведок на нејзината брилијантност. Исто така, се чувствувам многу благословено што вечерва сум тука и повторно настапувам“, Бијонсе се обратила на публиката.



Меѓутоа, таа набргу наишла на критика од фановите на Тина, бидејќи претходно се потсмевала на насилството низ кое Тина Тарнер поминала од својот сопруг, Ајк. Имено, Бијонсе го исмеала тешкиот живот на Тина во еден од нејзините најголеми хитови „Drunk in Love“, кој го изведе заедно со сопругот Џеј Зи.

Во хитот од 2013 година, раперот изведува дел во кој наводно се осврнал на расправијата која ја предизвикал поранешниот сопруг на Тина, Ајк Тарнер, кога ја принудил да изеде парче десерт, туркајќи ѝ го лицето во тортата. Во песната е наведено нејзиното вистинско име, Ана Меј.


Еден корисник на „Твитер“ напишал како постојано размислувал за тоа колку без почитување Џеј Зи и Бијонсе ги напишале овие стихови и ја исмевале Тина Тарнер за насилството што го доживеала во нејзиниот брак. Дури и Тина Тарнер претходно се огласила за овие стихови, изјавувајќи за „Њујорк Тајмс“ во 2019 година како воопшто не била изненадена од овој потег.




Спонзорирани линкови

Маркетинг