Како што кажува и самиот назив, недостаток на калиум се јавува кога лицето има абнормално ниско ниво на овој минерал во телото.
Како што пренесува „Health Direct“, оваа состојба исто така се нарекува хипокалемија. Калиумот е минерал кој помага во регулација на течностите во телото и им овозможува на мускулите и нервите правилно да работат. Се наоѓа во внатрешноста на клетките и е неопходен за доброто здравје на нашето тело.
Но, понекогаш луѓето може да имаат проблеми со недостаток на калиум, а симптомите вклучуваат:
- слабост
- чувство на умор
- грчеви во мускулите
- збунетост
- констипација
- прескокнување на отчукувањата на срцето или неправилна работа
- трнење во рацете или нозете
- зголемено мокрење
Што го предизвикува недостатокот на калиум?
Експертите објаснуваат дека недостатокот на калиум се јавува поради повеќе причини. Во повеќето случаи, хипокалемијата се јавува кога некое лице е дехидрирано. Некои лекови, исто така, може да предизвикаат губење на калиум во телото, како што се диуретиците.
Исто така, изложени на ризик да развијат ниски нивоа на калиум се луѓето кои живеат во екстремно топли климатски услови, земаат антибиотици, имаат хронично заболување на бубрезите, нарушување во исхраната како што е булимија, или ниски нивоа на магнезиум во телото.