(Фото) Извајано тело, бикини, море, плажа... Каролина Гочева ужива на одмор со сопругот Михаил Корубин

Точка

28/08/2023

18:32

7.500

Големина на фонт

а а а

Поп-пејачката Каролина Гочева отсекогаш била меѓу најубавите јавни личности во Mакедонија.

За неа годините се само бројка, а низ годиниве таа докажува дека е жена која навистина знае да ужива во животот со своите најблиски и најсакани.

Овојпат Каролина на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографии од своето романтично уживање на грчкиот остров Скијатос заедно со својот сопруг, уметникот Михаил Корубин, па тие очигледно добро ги поминуваат последните денови од летото.

Во описот на фотографиите Каролина кратко напиша:

„Прекрасна недела на Скијатос“.

Од зајдисонца, до капење во смарагдните води на морето, повеќе од очигледно е дека брачниот пар поминува незаборавни мигови на островот.