Една од најпознатите македонски пејачки, прекрасната Каролина Гочева, одлучи крајот на летото и изминатиов продолжен викенд да го помине во прекрасниот бисер на Македонија – Охрид.
Инаку, пејачката речиси секое лето, барем по неколку денови поминува во Охрид и секојпат е восхитена од неговата ненадминлива убавина.
Гочева како и секогаш уживала во прекрасното зајдисонце со поглед кон Охридското Езеро, но и во превкусната храна, со ракија и познатото охридско макало.
Каролина фотографии сподели и на социјалната мрежа Инстаграм, каде напиша:
„Три прекрасни дена во секогаш најубавиот Охрид“.
Од фотографиите можеме да го забележиме прекрасниот стајлинг на пејачката, каде повторно го покажа својот ненадминлив стил на облекување. Така Каролина на една од фотографиите позира во елегантна црно-бела комбинација, додека на друга е во лежерна комбинација со патики.