(Видео) 30 милиони прегледи за прилог на „Fox News“: Се обиделе да снимат анкета за криминалот во Сиетл, но нештата не се одвивале според планот

Точка

28/09/2023

20:43

6.617

Големина на фонт

а а а

На Твитер е споделено видео од прилог на телевизијата „Fox News“ чија тема била пораст на криминалот на улиците. Меѓутоа, тоа не се одвивало како што требало бидејќи минувачите одлучиле во целост да ја исмеат темата.

Видеото за два дена доби повеќе од 30 милиони прегледи, а делува дека на новинарската екипа ништо не ѝ одело од рака. Водителката пред емитувањето на прилогот нагласила дека граѓаните се потсмевале на тврдењето дека нештата излегле надвор од контрола.

„Никогаш не сум видел криминал во Сиетл. Гледам само смеа и забава“, изјавил еден минувач.

Откако репортерот ѝ ги предочил бројките на друга минувачка и споменал дека луѓето се ограбувани на улица, како и нивните автомобили, таа изјавила дека никогаш не слушнала некој да е ограбен.

„Тоа не е нешто што туку-така се случува на улица. Не одат луѓето на улица само за да ограбат некого. Дали ти одиш секој ден и во секој момент мислиш дека некој ќе те ограби?“, го прашала жената репортерот.

Откако тој инсистирал зборувајќи за декриминализација на употребата на дрога, жената го исмеала: „Ох Боже, од каде ти се тебе овие податоци? Ти си очигледно од Њујорк. Ги слушаш погрешните луѓе“.

Уверувајќи ја минувачката дека всушност и самиот видел многу луѓе како се дрогираат додека поминувал низ градот со автомобил, таа продолжила да се потсмева.

„Ох не, си бил во автомобилот. Така те повредиле. Ох, не“, му кажала жената, смеејќи се.