Американската поп пејачка Пинк, чие вистинско име е Алесија Бет Мур, мораше да исфрли човек кој бил присутен на нејзиниот концерт во Сан Антонио, кој го одржа како дел од турнејата на која го промовираше нејзиниот деветти студиски албум.
Пејачката се налутила затоа што мажот и го прекинал настапот со мобилниот телефон. Бил во близина на бината на ВИП-столче, доволно блиску за Пинк да го види. Додека таа го изведувала својот хит „So What“, тој почнал да зборува и да им пречи на другите да ја слушаат песната.
Протестирал против обрежувањето
Имено, мажот го искористил нејзиниот концерт за да протестира против обрежувањето. На публиката и на пејачката им покажувал екран на кој пишувало „обрежување, сурово и необично“.
„Тргнете го тоа ср**е“, му рекла таа, но тој продолжил со протестите.
„Ох, значи ја кажа целата поента токму сега, нели? Сакаш сите да го читаат ова? Ајде човече! Ќе морам да купам Биркин чанта благодарение на парите што ги потроши за картата“, се налутила пејачката.
По нејзиното предупредување, мажот почнал да се однесува агресивно, а на крајот бил изведен од обезбедувањето.