Никола Тесла е најпознат поради придонесот во осмислување на електричниот систем на наизменична струја, но и покрај тоа неговото име е зад околу 300 патенти на разни изуми.
Во текот на животот Тесла константно работел на проекти и често ги реализирал до крај. Имал чудни навики, како спиење по само два часа. Сепак, тоа што го остварил не би било можно без конкретните правила до кои се придржувал и заради кои бил продуктивен.
1. Добро размислете пред нешто да направите
Тесла често зборувал дека може да ги замисли машините и ретко правел нацрти пред почетокот на работата на нивно изработување. Овој процес на визуелно размислување не е својствен за сите луѓе, но е основна идеја дека едноставно треба да се сконцентрирате на конечниот производ. За креативното размислување често неопходно е да се опуштите и да поработите на проблемот во својата глава.
Во својата автобиографија Тесла вака го опишува процесот:
„Мојата метода е поразлична. Јас не брзам со конкретна работа. Кога ќе ја добијам идејата веднаш почнувам со нејзино „изработување“ во моите мисли. Ја менувам конструкцијата, работам на поправки и управувам со машината во својата глава“.
Големиот научник не е роден со овие вештини туку работел на одредени вежби како дете за да ја унапреди работата на мозокот.
2. Одете на прошетки
Познато е дека прошетките имаат својата предност кога станува збор за креативноста. И Тесла очигледно размислувал така, а иако неговите прошетки станеле дел од опсесивното компулсивно однесување, тој неколку „еуреки“ ги имал токму во моментот додека шетал. Една од нив му ја донела идејата за наизменична струја. Во 1881 година, Тесла се преселил во Будимпешта, закрепнувајќи од нервен слом, а додека со пријател шетал низ паркот на поезијата, одеднаш му се појавила идејата за наизменична струја.
3. Работете на проблемите сами
Како и многу иноватори и креативни ликови, и Тесла ја застапувал тезата дека треба да бидете сами во текот на создавањето и размислувањето. Ова е еден од неговите популарни цитати:
„Умот и концентрацијата се поостри додека сте осамени. За размислување не е неопходна било каква голема лабораторија. Оригиналноста пристигнува од самотијата, ослободена од влијанието кое ни го дава креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајната на иноваторите, бидете сами, тогаш идеите се раѓаат“, тврдел Тесла.