Намирницата која нашите баби ја ставале во сите торти и колачи е моќен штит против белодробни заболувања: Погодувате ли за која станува збор?

Точка

29/09/2023

10:00

7.390

Големина на фонт

а а а

Корона пандемијата го привлече нашето внимание кон здравјето на белите дробови, како никогаш досега. Сега новото истражување покажало дека за зајакнување на белите дробови и заштита од болести, едноставно треба да додадете една мала моќна хранлива состојка во вашата исхрана.

Хроничните белодробни заболувања, вклучително и хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) и астмата, се глобален здравствен проблем. Според Светската здравствена организација, ХОББ e трета водечка причина за смртност во светот.

Хроничното воспаление е главната причина за овие болести, што доведува до оштетување на ткивото на белите дробови и нивна намалена функција.


Патриша А. Касано, автор на студијата и директорка на Одделот за нутриционистички науки на Универзитетот Корнел, кажала дека не се знае доволно за влијанието на храната врз овие болести, но сега работите се менуваат.

„Оваа студија дава дополнителни докази дека омега-3 масните киселини, кои се дел од здравата исхрана, исто така, може да бидат важни за здравјето на белите дробови. “

А нив ги има во изобилство – ореви. Па така, сега е докажано дека оваа храна што нашите баби ја ставаат во сите колачи и торти, всушност е моќен штит против белодробните заболувања.

Омега-3 масните киселини, кои се есенцијални полинезаситени масти, имаат значително позитивно влијание врз здравјето на клетките. Освен во оревите, ги има во лососот и лененото семе, а познато е дека ги ублажуваат воспаленијата и го регулираат холестеролот.

Една неодамнешна студија поддржана од американскиот Национален институт за здравје (NIH) покажува несомнена врска помеѓу омега-3 киселините и намалениот ризик од хорнични белодробни заболувања.


Тоа покажува дека можеме да добиеме многу бенефити од грицкањето ореви, многу повеќе отколку што претпоставуваме.

Инаку, студијата е направена во две фази – во првата, две децении биле следени 15.000 здрави Американци. Важно откритие е дека луѓето со повисоко ниво на омега-3 во крвта покажуваат побавно опаѓање на функцијата на белите дробови. Втората фаза се фокусирала на генетската анализа на 500.000 Европејци. И таму било потврдена врската помеѓу повисоките нивоа на омега-3 киселини, посебно DHA и силните бели дробови.

Меѓутоа, важно е да се спомене дека истражувањето првенствено е фокусирано на здрави возрасни личности, а тековните истражувања се фокусираат на ефектите на омега-3 киселините врз луѓето кои веќе имаат ХОББ, вклучително и страсните пушачи.

А што точно се случува во организмот ако редовно земаме ореви? За почеток, важно е да знаете дека тоа не може да штети, освен ако немате алергија, преосетливост на храна или интолеранција.

Доколку тоа не е случај, додавањето ореви во вашата секојдневна исхрана може да биде исклучително корисно, особено ако ги користите како замена за помалку нутритивно богата храна.


Колку ореви треба да јадете дневно?

Секојдневното консумирање ореви може да ви пружи многу предности кои ги нуди ова јаткасто овошје. Исто така, можете да ги натопите преку ноќ заедно со другите јаткасти плодови, како бадемите, и да го започнете денот со здрава храна.

Го штитат здравјето на срцето

Оревите ги исполнуваат критериумите за здрава храна за срцето. Имаат малку натриум, заситени масти и трансмасти и содржат добар дел од препорачаната дневна вредност на витамини А и Ц, железо, калциум, протеини или диететски влакна. Тие ја подобруваат меморијата и когнитивното здравје.


Истражувањата врз животните и луѓето покажале дека јадењето ореви позитивно влијае на меморијата и функцијата на мозокот.

Редовното консумирање на ореви може да го намали воспалението и да ги неутрализира слободните радикали, кои инаку можат да ги оштетат клетките и на крајот да одведат до болести како што се Алцхајмерот и деменцијата.

Го намалуваат стресот

Студија од 2022 година покажала дека јадењето околу 2 порции ореви дневно, во текот на 16 недели го смалува стресот. Утврдено е дека јадењето ореви ја подобрува должината на сонот и целокупното ментално здравје.

Го подобруваат здравјето на цревата

Податоците од 2023 година објавени во списанието „Антиоксиданс“ сугерираат дека оревите делуваат како пребиотик кој може да го подобри здравјето на цревата со обезбедување храна за микробите во гастроинтестиналниот систем.