Џорџ и Амал Клуни зрачеле со исклучителен холивудски гламур додека го претставувале своето второ годишно доделување на наградите „Albie“ во њујоршката јавна библиотека.
Наградите ги доделува Фондацијата за правда на Клуни, која ги прогласува добитниците за „храбри бранители на правдата кои се во голем ризик поради она што го прават“.
Меѓу овогодишните добитници се украинска невладина организација, конгоански активист против силување и двајца ирански новинари кои ја објавија приказната за убиството на Махса Амини кое предизвика протести за слобода на жените во нивната земја.
За појавувањето на овој настан, Амал Клуни ја истакнала својата совршена фигура во бел фустан со светкави детали во кој изгледала прекрасно. Фустанот имал мал шлеп и одлично бил искомбиниран со белата клач чанта која ја носела сопругата на актерот.
Амал ја пуштила својата долга темна коса да ѝ паѓа преку рамената во раскошни локни, со шминката ги изострила своите црти на лицето, а на целиот аутфит му дала доза на блескавост со впечатливата нараквица. За некои дами кои претпочитаат поедноставни модели, ваквиот модел би можел да биде и венчаница.
Нејзиниот сопруг, Џорџ, го носел својот препознатлив класичен смокинг во кој изгледал одлично.