Работничка ги открила тајните на најелитниот клуб за возрасни во светот: Ова се деталите за блудот кој се случува внатре, а еве кои правила мора да се почитуваат

Точка

13/11/2023

15:06

64.965

Големина на фонт

а а а

Ако некогаш сте се запрашале како е да се стапне во најелитниот секс клуб во светот, еве едно искуство од прва рака - Инка Невала, една од жените вработени во оваа индустрија, решила да ги раскаже тајните.

Ексклузивниот клуб за возрасни „SNCTM“ е познат по тоа што организира жешки, бурни ноќи во Лос Анџелес, Њујорк и Мајами, а покрај тоа што морате да издвоите илјадници долари само за да влезете, постои едно клучно правило до кое сите гости мора да се придржуваат.

Неопходно е да бидете со отворен став и ум!

На гостите на клубот им се обезбедува безбедна и удобна средина за сексуално истражување, поради што е важно да не доаѓате на ова место доколку сте склони кон осуди и згрозување.


Инка Невала е Финка која работи во споменатиот клуб како креативен директор; таа е перформанс уметник, а нејзината задача е да дизајнира маскенбали и кампањи, да координира настапи и специјални настани. Таа неодамна за „Daily Star“ открила што се случува на овие забави на кои често присуствуваат богатите и славните.

„Настаните на „SNCTM“ генерално се ограничени на 100 гости за да се обезбеди интимна, но авантуристичка атмосфера. За нашите настани важи формален кодекс на облекување. Ние бараме од мажите да носат смокинзи, а жените да бидат облечени во елегантни вечерни тоалети или долна облека. Едно од нашите златни правила е нагласување на согласноста и воздржување од опивање. Но, најважно е да уживате во себе и другите и да имате отворен ум“, нагласува оваа дама.

Таа истакнува дека главниот фокус на клубот е создавање на високо сензуална уметност која „ги надминува конвенционалните граници“.

Во клубот има различни програми во кои можат да уживаат паровите, од ВИП каучи до главни спални соби со џакузи. Но, на крајот сè зависи од самиот пар. Инка признава дека често бараат инспирација од другите.


Таа вели дека целото искуство е луксузно и необично. „Атмосферата е полна со позитивна енергија. А покрај тоа, убави и богати поединци учествуваат во своите уникатни еротски авантури. Во целиот клуб, мистериозните поединци откриваат неверојатни инсталации и на тој начин додаваат елемент на интрига на целото ова искуство“, вели Инка.

Клубот има уште неколку правила и инсистира секој да побара согласност од другата страна. Тие исто така нагласуваат дека сите гости мора да се однесуваат пристојно и да се однесуваат кон секого со достоинство и почит. При влез во клубот маските се задолжителни, но по желба може да се отстранат откако ќе влезат внатре. Секако, забрането е фотографирање и снимање, а телефоните мора да се остават на влезот.

И додека Инка не ги открила незгодните детали, тоа го стори новинарката Кејла Киб, која минатата година го посетила овој клуб. Таа во репортажата открила некои од провокативните сцени на кои наишла таму, меѓу другото, гледала како облечени жени со голи гради изведуваат орален секс на мажи во еротски костими, на кружен простор во средината на собата. Подоцна, мажите ја возвраќале услугата.


„Домино дамата стручно и гласно камшикуваше по грбот на две жени кои клечеа пред неа на клупата за односи. Не беше јасно дали жените се ангажирани изведувачки или гости кои доброволно се пријавиле да учествуваат. На долниот кат имаше кревети, а луѓето го правеа сето она што можете да замислите да се прави на кревет. Но, сепак, сè изгледаше толку совршено, што беше невозможно да се каже кој е гостин, а кој вработен.

Она што најмногу ме изненади и што сè уште се обидувам да го сфатам е фактот дека во еден момент вечерта гледав маж на околу 40-ти години кој цела вечер беше опкружен со толпа неверојатно убави, млади жени од двете страни и добиваше орален секс не од една, туку од две од најубавите жени што некогаш сум ги видела - а постојано изгледаше како да му е ужасно здодевно.

Со други зборови, се чувствував како сите да се таму за да се покажат, а не да се докажат и да се забавуваат“, напиша Кејла за „InsideHook“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг