Актерката која сите ја обожуваме пред операцијата на мозок дознала дека сопругот ја изневерува: „Се чувствував предадено...“

Точка

09/12/2023

12:15

4.721

Големина на фонт

а а а

Актерката Шенон Доерти (52) во премиерната епизода од својот поткаст „Да бидеме јасни“, открила како дознала дека тогашниот сопруг ја изневерувал додека се подготвувала да оди на операција за тумор на мозокот.

„Се чувствував предадено“

„Отидов во ординација рано наутро и отидов откако дознав дека мојот брак е всушност завршен, дека мојот сопруг имал афера две години“; изјавила Доерти.

Актерката била венчана за режисерот Курт Исвариенко, а годинава објавија дека се разведуваат после 14 години брак.


„Се чувствував предадено. На крајот на денот се чувствував неверојатно несакано од некој со којшто сум била 14 години, кого го сакав со цело мое срце“, додала актерката.

Била подлегната на зрачење и поминувала низ развод

Актерката била во придружба на семејството и пријателите, а иако операцијата била успешна, морала да оди на зрачење.

Актерката раскажала колку ѝ било тешко да се бори против болеста и истовремено да поминува низ развод.

„Морав да поминам низ сето тоа додека се обидував да сфатам дали тоа е вистина и дали ќе се разведам“, изјавила Шенон.


Разговарала со љубовницата на својот сопруг

Доерти и Курт договориле за развод во јануари, а таа поднела барање дури во април.

„Бев збунета поради стероидите и многу работи поради операцијата затоа што не сакаа да ми отече мозокот. И искрено и натаму е многу тешко. Да, ја донесов одлуката да се разведам, но имам многу спомени со таа личност“, изјавила актерката. Наводно, таа разговарала со девојката со која сопругот ја изневерувал.


„Доколку делите 14 години заедно и сте се излажале, зарем таа личност не ја заслужува апсолутната вистина без оглед на тоа колку истата боли?“, изјавила актерката.

Да ве потсетиме, на актерката во 2015 година ѝ бил дијагностициран канцер на дојка, а во јуни истиот се проширил и на нејзиниот мозок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг