Македонската пејачка Каролина Гочева вчера премиерно ја претстави својата нова песна насловена „Дај на сунце“ и веднаш ги освои срцата на публиката.
Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како ,,Додирни ме случајно” од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор.
Песната е снимена во Сараево, во неговото студио Модра Ријека во месец октомври, а видео спотот со црно-бели кадри е дело на Миомир Милиќ.
„Се надминуваш со секоја песна. Се залепи за срце и душа“, „По мое мислење беше и остана најголема“, „Магична како и секогаш“, „Таа секогаш успева да пренесе искрена емоција низ своите песни, а ниту оваа не е исклучок“, гласат дел од коментарите под видео спотот објавен на официјалниот Јутјуб канал.