[ВИДЕО] Оваа сцена во новиот филм на „Netflix“ ги запрепасти гледачите: „Никогаш нема да купам ‘Tesla’“

Точка

17/12/2023

13:46

11.762

Големина на фонт

а а а

Новиот филм на „Netflix“, „Leave the World Behind“ деновиве е најгледан на оваа стриминг платформа, а на многу гледачи вниманието им го привлече една посебна сцена, која сега масовно се споделува на социјалните мрежи.

Удрените „Tesla“ автомобили ги запрепастија гледачите

Станува збор за сцена која исплаши дел од гледачите. Самата сцена го прикажува ликот на Џулија Робертс, Аманда Сендфорд како излегува од нејзиниот автомобил и истражува куп удрени автомобили кои го блокираат патот. Нејзиниот сопруг, кој го игра Итан Хок, и нивните две деца, кои ги играат Фара Мекензи и Чарли Еванс, остануваат во автомобилот и се обидуваат да сфатат што се случува.

Аманда сфаќа дека сите удрени автомобили се сосема нови „Tesla“ возила, а посебно внимание му се придава на фактот дека сите возила имале можност за автономно возење. Семејството сфаќа дека автомобилите биле хакирани преку софтвер за самоуправување и се уништувале себеси удирајќи еден во друг. Потоа, тие биле принудени да избегнуваат серија хакирани „Tesla“ автомобили кои возеле кон нив.

Гледачите на „Х“ (поранешен Твитер) коментираат колку останале исплашени од оваа сцена.

„Оваа сцена со „Tesla“ во филмот „Leavе the World Behind“ веќе ми се појавуваше во моите кошмари. Сега гледам како се одигрува на екранот“, „Никогаш нема да купам ‘Tesla’“, „Поради таа сцена сакам автомобилите на „Tesla“ да се што подалеку од мене“, „Сцената со „Tesla“ од филмот е застрашувачка, но и многу смешна“, се дел од коментарите.