[ФОТО] Сексапилна и елегантна, Каролина Гочева блесна во тесен фустан на настап во Тирана: „Божица...“

Точка

21/03/2024

13:17

4.260

Големина на фонт

а а а

Нашата пејачка Каролина Гочева е една од најуспешните во регионот, а таа е и синоним за ненадминлива убавина и елеганција.

Гочева блеска каде и да се појави, а тоа го покажа и со своето последно модно издание кое го носеше во Тирана, а со кое се пофали на социјалната мрежа Инстаграм.

Каролина Гочева на 19 март одржа концертот во Тирана, Албанија, во Театарот на опера и балет. Воедно, ова е еден од првите концерти на Каролина во регионот, откако изминативе недели неуморно работеше и имаше низа концерти низ Македонија.

Каролина сподели неколку прекрасни фотографии од Тирана на кои изгледа како божица во елегантниот, црн, тесен фустан којшто ја истакнал нејзината беспрекорна фигура на тело и во којшто ги истакнала стомачните мускули на телото.

„Тирана на еден ден“, кратко напишала Каролина покрај фотографиите кои ги објавила.


Под фотографиите нејзините фанови ѝ коментирале: „Светски, а наша“, „Здив одземаш“, „Божица“, „Стомачните“.

Нашата Каролина не попусто важи за една од најзгодните пејачки која секогаш негува беспрекорен стил на сцената, но и надвор од неа.