[ВИДЕО] Жена украла кроасани од пекара: Таа ги изненади сите со својот потег пред грабежот

Точка

22/03/2024

15:05

5.197

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шири бизарна снимка од кражба од пекара во Ричмонд, Австралија, снимена со камера за видео надзор, а сопствениците на пекарата ја објавиле на социјалните мрежи.

Пред да ги украде кроасаните, 44-годишнaтa провалничката се занимавала со јога и се протегала надвор од пекарата. Грабежот се случил околу три часот по полноќ, а провалничката решила да се „загрее“ пред кражбата, па направила неколку вежби за истегнување на телото.

„Се чини дека јогата мора да се направи пред да провалите. Кроасаните очигледно биле премногу примамливи за овој флексибилен провалник“, напишале од пекарницата.

Покрај кроасаните, украдени се и чевлите на пекарот, ајпад и средства за чистење. Жената е ослободена со кауција и во мај треба да се појави пред судот во Мелбурн.




Спонзорирани линкови

Маркетинг